Фолкерката Тања Савиќ има проблеми со сопругот, кој веќе некое време се наоѓа на приватна клиника за лекување на зависности. 

„Тања инсистираше на лекување. Заради дрогата често имаат проблеми, таа веќе не можеше да ја поднесе ситуацијата. Со оглед на тоа дека Душан не се противеше да оди на лекување, процесот брзо почна. Лекувањето се состои од неколку фази, се работи за некакво чистење на организмот од наркотици, чистење на крвта, детоксикација на организмот, потоа аудио-видео терапија со која на зависникот му се прави аверзија кон дрогата, фармаколошка терапија...“, открил извор близок до Тања и додал: „Два пати неделно има посети, а Тања доаѓа редовно и ги носи и синовите.“ 

Тања не сакала да дава изјави на оваа тема, туку рекла дека е на одмор и топката ја префрлила на својот ПР. 

Инаку, ова не е прв пат сопругот на Тања да се поврзува со наркотици. Слична ситуација имаше и во 2016 година кога во јавноста се појави преписка меѓу тогашниот ПР на Тања Бане и Душан. 

16,187

Најчитани вести