Кина вложи протест до САД во врска со одобрувањето на продажбата на оружје на Тајван, што Кина го гледа како своја бунтовничка провинција, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг, пренесува „Спутник“.

„Продажбата на американското оружје во Тајван претставува сериозно кршење на меѓународното право и на основните норми што ги регулираат меѓународните односи. Со ова се прекршува политиката на „Една Кина “и три заеднички американско- кинески коминикеа.

Тоа исто така претставува сериозно мешање во внатрешните работи на Кина, го повредува нејзиниот својот суверенитет и нејзините безбедносни интереси. Изразуваме протест поради овие акции”, рече Генг на брифингот.

Кина преку портпаролот ги повика САД веднаш да ги откажат плановите за продажба на оружје и да престанат со какви било воени контакти со Тајван за да избегнат штета на билатералните односи и на стабилноста во близина на Тајванскиот Tеснец.

извор: Makfax

4

Најчитани вести