Вчера околу 14:00 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено клио“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(34) од Скопје и  мопед „Баотиан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(52) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.В. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

1,465

Најчитани вести