Градот Скопје ги известува граѓаните дека во четврток, на подрачјето на градот Скопје, ќе изврши авионска и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.

Имено, авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Скопје ќе се одвива во раните утрински часови, а во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Градот Скопје досега има извршено три прскања (авионско и терестрично) против возрасни форми на комарци и едно прскање (авионско и терестрично) против ларви од комарци.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

извор: Makfax

17

Најчитани вести