Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 101 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај исклучени се 16 возачи од кои: тројца управувале возило под дејство на алкохол, 12 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач почетник затоа што не ги почитувал законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се четворица возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица возачи поради неправилно престројување, еден возач поради недавање првенство на минување на крстосница, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози и 75 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Изминатиот ден се случиле осум сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и три лица се здобиле со телесни повреди.

 

Најчитани вести