Документ со кој се потврдува дека лекар во Општата болница во Дебар работи со Договор на дело, само за 15 000 денари се појави вечерва на социјалната мрежа Фејсбук. Документот го споделија од Здружението на лекари специјализанти ЗЛС и Асоцијација на специјализанти и млади лекари.

Кратко откако го објавија документот од здруженијата потврдија имаат дозвола од лекарот да се објави за која болница станува збор. Велат имаат информација дека таму неколку лекари(најмалку двајца) работат со Договор на дело за сума од 15 000 денари, без платени придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

„Станува збор за Јавна здравствена установа, Општа болница во Дебар која не смее да си дозволи да функционира со лекари со Договор на дело. Ако имаат недостог од медицински кадар, нека ги вработат, а не да ги злоупотребуваат избегнувајќи да плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување“, велат во ЗЛС.

Дознаваме дека работните обврски на лекарите им почнуваат во 08 и траат до  16 часот, а ги извршуваат како и останатите вработени доктори во болницата , дежураат, ги викаат на повик за транспорт на пациенти и после работното време. Дневница кога се работи за транспорт на ургентни пацинети до Скопје изнесува  400 денари, а до Охрид 200 денари.

Со ова, уште еднаш се рефлектира незадоволството на лекарите од лошите услови и немањето слух за младите доктори кои се повеќе се насочени да заминуваат на работа во странство.

Инаку, плата на лекар во секундарно здравство, односно во болниците изнесува околу 30 000 денари. Од здруженијата велат дека со двајца доктори на кои им даваат хонорар по 15 000 денари болницата си го „решила“ проблемот со недостиг на кадар и тоа без дополнителни трошоци за придонеси. Тие најавија дека ќе реагираат до надлежните институции за ваквата злоупотреба на младите лекари.

НОВА, во текот на утрешниот ден ќе остари контакт со директорот на болницата за да објасни зошто лекарите се третирани на ваков начин.

(Новатв.мк)

1,677

Најчитани вести