Група германски туристи во еден сплитски ресторан нарачале вечера за нив 11, а кога на крајот келнерот им ја донел сметката, рекле дека ќе платат само половина износ, вели келнерот.

Во спротивно, му се заканиле дека ресторанот ќе добие 11 негативни оценки на Трип адвајс.

Сметката за месо, риба, вино и други пијалоци изнесувала 4.527 куни (околу 612 евра). Биле тоа млади гости, повеќето на 30-годишна возраст, кои за време на вечерата не се жалеле на храната, ниту на услугата. Станувало збор за обид за уцена, бидејќи многу туристи при изборот на угостителски објект им придаваат на значење на оценките на сајтот Трпи адвајс па 11 негативни оценки прилично би влијаеле на прометот на овој ресторан.

Како што сопственикот на ресторанот раскажал за медиумите, ваквото однесување го сметаат за обид за кражба, но не им паѓало на памет на било кој начин да се пресметат со уценувачите, туку повикале полиија тоа да го реши. Полицијата земала податоци од еден од гостите, па ги пуштила да заминат, а на вработените од ресторанот им порачала ако сакаат да покренат приватна тужба.

19,251

Најчитани вести