Дали е ова лимузината на Ким Јонг Ун, која попладнево се паркираше во Граски парк. Или станува збор за локомотива со вагон. Така на прв поглед изгледа оваа фогографија од центарот на Скопје.

Станува збор за огромна ВИП лимузина попладнево се распосла на паркинг кај Градски стадион. Украсена и дојдена е од Косово во Македонија по една позната личност од шоу бизнисот, дознава Вечер.мк.

За да се вози ваква лимузина, потреба е возачка дозвола за Ц категорија, со приколица. Направена е од 2 ипол аудија. 

Внатре може и жмурки да се играат, а може и цело одделение да се однесе на екскурзија. Може и сите гости од свадбата со овој автомобил да се донесат и однесат.

Но, интересно е што не може да се паркира косо, ни право, бидејќи ќе го блокира сообраќајот. Мора да се паркира хоризонтално, во линија на тротоарот за да не ја блокира цела улица. Тоа се вкупно 3 паркинг места.

Колку чини паркирање на 3-4 места одеднаш и постои ли таква опција воопшто?

А за кого е дојдена, ќе читате наскоро...

Фото: Vecer.mk

 

1

Најчитани вести