Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го емитуваше аудио материјалот кој излезе во дел од медиумите, а е поврзан со генералниот секретар во Владата, Драги Рашковски.

Од опозицијата велат дека снимката индицира на криминал тежок 7 милиони евра.

Иванка Василевска пред медиумите се обрати до премиерот Зоран Заев кому му рече дека се прави при очи слеп, a при уши глув.

„Бидејќи велите дека првин сакате да ги слушнете снимките, па да побарате оставка од Рашковски, во продолжение ќе го емитуваме аудио-материјалот.  Господине Заев, да имавте барем, „е“ од европските вредности кои не ги вадевте од уста, ќе побаравте оставка од Рашковски и истрага за случајот и тоа веднаш“, рече Василевска.

„Доколку и по денешната прес конференција и пуштањето на аудио материјалот, Заев не побара оставка од Рашковски се потврдува веќе кажаното од наша страна, дека Рашковски работи исклучиво по насока на Зоран Заев и дека авантата од 7 милиони евра е договарана во име и за лична корист на Заев“, додаде Василевска.

Таа порача дека е крајно време Јавното обвинителство да се охрабри и да побара притвор за Рашковски.

 

извор: Makfax

1

Најчитани вести