Loading..

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 00:00 до 05:00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи што управуваат возилa под дејство на алкохол. Притоа, биле регистрирани 20 прекршоци, од кои во Велес седум, во Кавадарци 11 прекршоци и во Неготино два прекршоци.

Во истиот период на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Во акцијата присуство на алкохол во организмот е утврден кај 27 возачи. Исклучени од сообраќај се сите 27 возачи и одземени се возачките дозволи.  

СВР Штип, пак, кај 30 возачи утврдило присуство на алкохол, а еден возач одбил алкотестирање. Сите возачи  биле исклучени од сообраќај и им се одземени возачките дозволи и на сите им се издадени мандатни платни налози.

На тетовско-гостиварското подрачје, пак, констатирано е дека 12 возачи управувале возило под дејсво на алкохол (ТЕ-9 и ГВ-3). Тие се исклучени од сообраќај, им биле задржани возачките дозволи и им биле издадени мандатни платни налози. Во текот на контролата биле констатирани уште 14 останати прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-3) за кои се издадени исто толку соодветни поднесоци.

 

Најчитани вести