Владата на премиерот Зоран Заев нема веќе доверба кај електоратот, а посебно кај албанската заедница, вели во интервју за „Економски Лидер“ лидерот на Движењето БЕСА, Биљал Касами.

Тој воопшто не жали што пред две годни се одлучи да не биде дел од тимот на Заев, за, како што вели, Влада на која приоритет и се личните профитирања од вработувања, а не принципиелно работење. Касами тврди дека метлата беше само инструмент да се добијат претседателските избори што и во пракса се покажа како точно.

Касами бара од премиерот јавно да каже дали е уценет од Али Ахмети и дали е вредна цената кој ја плаќа, не само тој, туку и целата македонска јавност.

Наместо метла, само рокади, една смена и една оставка. Професорите Драган Тевдовски и Патар Атанасов им се вратија на студентите. Кој според Вас навистина требаше да сноси одговорност за „успешната“ политика на власта?

Сум кажал и во други прилики, без да навлегувам на лични оцени за поединечни министри, се докажа тоа што во јавноста дека повеќе се зборува дека ова Влада нема капацитет да спроведе вистински реформи, туку таканарачената „метла” беше само моментално политичко профитирање за претседателските избори. Со други зборови, наместо реформа, Зоран Заев направи рециклирање на исти неспособни кадри кои немат капацитет да спроведат реформи.

Иако јавноста беше најнезадоволна од работата на Министерот за животна средина и просторно планирање, сепак тој, наместо казна доби награда. Садула Дураки е поставен за заменик на премиерот Зоран Заев. Според Вас, колкав е притискот кој Зоран Заев го има од Али Ахмети и која е цената за тоа?

Не само мене или на сите во Движење Беса, убеден сум дека и на цела јавност не ни е јасно што воопшто претставува Дураку за ова Влада или што добро може да им донесе на граѓаните или на самата држава. Ако Заев е уценет од стрна на Ахмети тогаш нека излезе јавно да го каже тоа. Ако тој дозволи да биде уценет од Ахмети или ДУИ тогаш можеме да претпоставиме на кој правец се движи државата. Очекувано беше дека цената е преголема за не процесуирање на ниеден случај во СЈО каде би имало инволвирани криминогени структури на ДУИ, и сега ова цена не само што ја плаќа Заев, за жал, последиците ги чуствуваме сите.

Датумот за почеток на преговорите со ЕУ е политиката на која изминативе две години се фокусираше оваа Влада. Но, се поизвесно е дека и годинава датум ќе нема. Сметате ли дека Република Северна Македонија со вакво темпо на работа и реформи заслужува датум?

Не е битно веќе дали Република Северна Македонија заслужува датум за преговорите, туку граѓаните на ова земја навистина заслужуваат побрзо интегрирање во Европска Унија. Влогот беше голем, не само кај македонската етничка заедница што ние потполно ги сфаќаме дека жртвуваа нешто што емоционално е поврзано со нивната историска определба како народ, но исто така и разбирањето од страна на нас Албанците за чуствителната тема околу смената на името на државата. Ова разбирањето од страна на нас Албанците за да не отвараме крупни прашања во Уставот на државата кои дирекно ги засегнуваат нашите права во Северна Македонија е во интерес на забрзување за евро-интеграциските процеси. Затоа мислам дека веќе датумот не треба да се поврзе со други работи освен без условната определба на граѓаните на Северна Македонија за влез во ЕУ, бидејќи ако се влезе во анализа на реформите кои треба да се спроведат, Владата е многу далеку од спроведување на истите. Имаме политизирано судство кое е, нефунксионално, партизирано и узурпирано од бивши и сегашни структури. Затоа повторувам, датумот за преговори треба да го добиеме заради граѓаните, а не заради работата на Владата.

А не ветувала работи кои што не можат да се реализираат, а посебно како опозициона партија. Ние како партија на три изборни циклуси ги делигитимиравме ДУИ и убеден сум дека на следните парламентарни избори ДУИ ќе биде само историја во политиката. Што се однесува до соработката меѓу албанската опозиција докажавме дека кога се работи за заеднички интерес на граѓаните ние сме спремни да се обединиме и тоа резултираше и со факторизирање на албанскиот глас во последните претседателски избори.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ ПРОЧИТАЈТЕ ГО НА СЛЕДНИОВ ЛИНК

1

Најчитани вести