Британската полиција објави шокантна снимка од подземна железница во Лондон.

Надзорните камери забележале како ветар оддувал количка, во која се наоѓало бебе. Жената, која била со детето, скокнала на шините и ја извлекла количката само неколку моменти пред да мине возот, јавува Еј-Би-Си.

Настанот се случил на 23 јули, а полицијата ја објавила сега снимката со цел да ги пронајде мажот и жената од снимката. Тие сакаат да се уверат дека детето не е повредено, но и двојката би можела да добие пријава.

На снимката се гледа како мажот ја спуштил количката по скалите и ја оставил крај преминот. Се качил по скалите за да спушти уште една количка со друго дете. Оддеднаш задувал силен ветар и ја однел количката на шините, по што скокнала жената и го спасила детето.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=oEVsL2LdAbw]

 

Најчитани вести