Опозициската Нова демократија забележа убедливо водство пред владејачката Сириза на премиерот Алексис Ципрас, покажуваат првичните прелиминарни резултати на предвремените парламентарни избори во Грција.

Извори од Нова демократија коментираат дека станува збор за историска победа, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.

„Ова е историска победа за Нова демократија која му се припишува на Киријакос Мицотакис. Ако се потврдат прелиминарните резултати, Нова демократија денеска достигна една од најголемите победи од 1974 година. Последен пат слично водство е забележано и во 1981 година и ова покажува дека граѓаните сакаат да излезат од кризата и да го вратат чувството на нормално во нашата земја“, навел партискиот извор.

Тој додал дека резултатите се одраз на неодобрување на политиките на Сириза.

Од друга страна, извори од Сириза порачале дека ќе ја почитуваат волјата на народот ако се утврди дека прелиминарните резултати се точни.

„Сириза, сепак, освои значителен процент гласови на изборите во исклучително тешки околности“, навеле извори од партијата.

извор: Makfax

35

Најчитани вести