По скандалот со пеење на македонската химна на 3 јули во америкаснката амбасада во Скопје во интонацијата од страна на Тамара Тодевска, побаравме видеа по ЈуТјуб од други свечености на кои Тодевска ја изведува химната.

Најдовме неколку такви изведби од спортски манифестации и во ниту една од нив Тмара не ја пее химната правилно! Едноставно пејачката или не ја знае химната или не и се допаѓа делот со „Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански“. Постојат дури и новинарски текстови во кои Тамара тврди дека химната ја отпеала правилно.

- „Не се работи за никаква грешка. На 'википедија', македонската химна е напишана во четири строфи. Во интерес на времето ми рекоа да изберам две строфи, јас ги избрав првата и последната. Токму на последната строфа имаше бура од врескање, значи дека на навивачите им се допадна мојот избор", изјавила тогаш пејачката за Вест.

Погледнете и слушајте внимателно.

Инаку текстот оди вака:

Денес над Македонија се раѓа,

ново сонце на слободата!

Македонците се борат,

за своите правдини!

Македонците се борат,

за своите правдини!

Одново сега знамето се вее,

на Крушевската република!

Гоце Делчев, Питу Гули,

Даме Груев, Сандански!

Гоце Делчев, Питу Гули,

Даме Груев, Сандански!

Горите Македонски шумно пеат,

нови песни, нови весници!

Македонија слободна,

слободнo живее!

Македонија слободна,

слободнo живее!

9,027

Најчитани вести