Околу 400.000 луѓе синоќа се собраа во Мадрид на Парадата на гордоста, манифестација што оваа година беше посветена на првите активисти за хомосексуални права.

Слоганот на собирот беше „Историја, борба и меморија“.

ЛГБТ движењето е особено активно во Шпанија каде што вчера се одбележаа 50 години од нередите на собирот на движењето Стоунвол во Њујорк. Стоунвол беше првото движење посветено на хомосексуалните права, основано во 1969 година. Во тоа време, Шпанија беше под диктатура на Франциско Франц, кој спроведувал брутална репресија врз хомосексуалците.

Оваа земја потоа стана една од најотворените земји за хомосексуалните права, а од 2005 година, хомосексуалците можат да стапат во брак и да посвојат деца.

Парадата се одржа за прв пат од подемот на екстремната десничарска партија Вокс која предложи парадата да се помести далеку од центарот на Мадрид.

извор: Makfax

62

Најчитани вести