Златко Ориѓански ќе биде поставен за Директор на Културниот центар на Македонија во Тирана. Одлуката за именување треба владата, според порталот, да ја донесе на една од следните седници.

Ова е еден од најголемите бламови, резили и понижувања за македонската култура од актелната власт. Ориѓански е човек кој постојано врз македонската нација и култура изјваувал и објавувал навреди, потценувања па дури и сериозни провокации и затоа, од владата, е награден со функција директор на државна институција!

Овој предлог е усвоен на  владина седница.

– Предлогот доаѓа по потпишаната Спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Тирана и Културно-информативен центар на Република Албанија во Скопје. – велат од Министерството за култура за „Независен весник“.

Златко Ориѓански ќе биде првиот директор на оваа државна институција која ќе треба да ја промовира македонската култура во соседна Албанија.

Колку оваа државна функција спомнатиот Златко Ориѓански ја заслужил погледнете од прилозите подолу:

 

6,255

Најчитани вести