На улицата „Гоце Делчев“ во битолското село Кравари во попладневните часови на 4 јули се случила сообраќајна незгода во која со тешки повреди се здобил малолетник од селото.

Како што информираат од МВР, сообраќајката се случила помеѓу автомобил „хјундаи гец“ со грчки национални ознаки, управуван 59-годишен Грк и мопед „јујунг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кравари.

Притоа, од судирот со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот кој бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

 

 

извор: Makfax

61

Најчитани вести