После првиот ден од одржувањето на најмасовниот и највисоко рангиран светски карате куп организиран од Светската карате федерација (ВКФ), кој се одржува во Умаг, Хрватска, каратистката на Скопски Макпетрол Анѓела Мојсовска, успеа да го освои златниот медал во највозрасната младинска категорија на постари јуниори (У21), во тежинската категорија на -68 килограми.

Петар Заборски, помошен тренер во Макпетрол, истакна дека Анѓела имала извонреден настап и супериорно дошла до првото место и златниот медал.

Во првото коло таа беше слободна, во второто коло победи со спортистката од Швајцарија со 4-1, во третото коло беше подобра од БиХ и победи со 5-1, во четвртото коло уште една победа против шампионката на Хрватска која е и носител на европски медал со резултат 3-1, и во финалето победи со резултат од 4-1.

Анѓела Мојсовска е спортистка од меѓународна категорија која е стипендистка на Агенцијата за млади и спорт. Во Умаг земаа учество спортисти од 73 држави од целиот свет.

извор: Makfax

Најчитани вести