Американскиот претседател Доналд Трамп најавил дека во рамки на прославата по повод Денот на независноста 4 јули во Вашингтон ќе бидат покажани борбени тенкови.

Станува збор за тенковите М1 Абрамс и Бредли, а АП наведува дека два Абрамска и четири воени возила со теретен воз веќе пристигнале во Вашингтон и моментално се под надзор на воена полиција.

Власта во дистрикт Колумбија предупредува дека тешката воена опрема би можела да ги оштети гратските улици.

“Со тенковите мора да бидете внимателни, патиштата не сакаат тешки тенкови. Затоа мора да ги поставиме во одредени зони“, рекол Трамп.

За време на парадата 4 јули планиран е огномет како и прелеување на авиони Ер Форс Ван кои ги користат претседателите и ескадрила на военате морнарица.

“Ќе имаме авиони кои ќе летаат. А ќе имаме тенкови стационирани напред“, рекол Трамп на новинари во Овалната соба.

За разлика од предходните претседатели, Трам планира да одржи говор пред споменикот на Линколн.

Трамп се заложува за одржување на воена парада во Вашингтон откога се воодушевил од воената парада по повод падот на Бастиља во Париз 2017 година.

Неговата администрација ја одложила планираната парада за Денот на ветераните во ноември 2018. поради почетните трошоци кои три пати скокнале и достигнале на 90 милиони долари.

20

Најчитани вести