Една од легендите на светскиот фудбал, Икер Касиљас, се врати на тренинг терените со своите соиграчи во Порто, откако само пред два месеци претрпе срцев удар.

Касиљас, кој има 725 натпревари за Реал Мадрид, добил миокарден инфаркт за време на тренинг-сесијата на „змејовите“ на 1 мај и оттогаш не играл.

Различни медиуми објавија дека шпанскиот голман ќе стави крај на неговата кариера, но тој ќе се обиде да се врати на теренот и да продолжи да игра.

Триесет и осум-годишниот Икер го најави неговото враќање на теренот со слика на „Твитер“ која беше придружена со зборовите: „Назад на работа. Прв ден“.

Касиљас е светски првак и двократен европски шампион со „фуријата“. (МИА)

3

Најчитани вести