Што стана со Охрид, го забораивме бе. Дивоградбата на минарето ја стокмија. А советникот Усеини секоја недела има некоја нова дивоградба. Додека е заштитен Усеини, паѓа заштитата на Охрид па ќе го загубат статусот на заштитен град на културата, на УНЕСКО.

А Охрид без УНЕСКО е една обична Струга.

 

Толку многу скандали, грабежи, афери има што не се памти ни една недела наназад.

 

Заменик министерот за образование Петар Атанасов, како исклучок, поднесе оставка затоа што министерството фатило пајажина од неработење. Заев му се одмазди со коментарот дека се тргнал затоа што не го ставиле министар, демек суета е во прашање. Но, следеше контрареплика на Атанасов кој изјави дека заминува затоа што се подготвува законска обврска за учење на албански и за сите македонски деца веќе од трето одделение.

 

За Северџаните тоа е нешто нормално, како и двојазичноста. Важно да се нивните на власт, па макар и во Илирида. За сите останати – нов шок. И, по кусо снимање на ситуацијата стаса демант, тоа била лажна вест. Па веста не ја измислија новинарите, ја пренесоа од функционер на СДСМ. Најпосле, лажни веста беа и Северна, и двојазичноста и бугаризацијата на историјата... па на крај гледаме што е вистина.

 

Заев и Пендаровски се тркаат кој повеќе ќе и учини на Тирана, и врз таа политика темелат владеење и грабеж, и се надеваат на прошка од наркодилерите во Грчец и Арачиново кои им носат гласови но, мораат да ги апсат затоа што тоа го бара американската ДЕА, а се плашат од нивната дилерска одмазда.

 

Иако ЕУ забранува, Заев повторно коментираше судска одлука: судиите не суделе како што треба, за убиството со претепување на Никола Саздовски во Автокоманда добиле 19 години затвор, а Бобан Илиќ од Куманово добил шест години за предизвикување смрт на малиот Алмир додека со автомобил бегал од неговите роднини кои го тепале. Смрт е смрт, и сечија боли но, Заев и овде оди по етничка линија застанувајќи на албанска страна со што прави нов гнев, и нова поделба во општеството. И повторно им наложува на судиите што треба да прават. Брисел го гледа тоа, и не дава преговори. Заради тоа, како и заради непотизам и корупција.

 

И пак корупција. Еве го секретарот на владата Рашковски, човекот од доверба на премиерот. Договара тендер за М Нав, контрола на летање, во својот кабинет иако тоа не му е работа. Поминале сите рокови за понудавачот од Италија, но Рашковски смислува како на стара понуда да и се смени дата и италијанската фирма да се квалификува за тендерот. Патем, однапред им кажува на италијаните дека тие ќе го добијат тендерот иако за него се решава за неколку месеци. И, нешто што остава посебен впечаток, објавената аудио снимка забележала дека Рашковски планира и извесна награда, заработка.

 

Која заработка? Па цената на италијанската фирма од 7 милиони евра е за еден милион евра поскапа од второ рангираната фирма. Округла бројка, милион. Каде завршиле тие пари.

 

Како попарени СДСМ излегоа со соопштение дека е тоа лажна вест. Како и за Курто Дудуш.

 

Но, потврдија дека не е лажна вест пишувањето на Геровски за милионски рекет кој го правеле газда на телевизија и двајца функционери на СДСМ врз богати фирми и градоначалници. И не е лажна вест дека од богат бизнисмен ОК се барале кеш пари, три милиони евра, и дека паметниот и искусен бизнисмен разговорот го снимил.

 

Ова го потврди премиерот Заев, со изјава во собрание дека веќе разговарал со градоначалничката на Битола за ова. Го потврди и Бојан Јовановски, Боки 13, како што вели тој за себе – неформален сопственик на 1ТВ. Боки 13 кажа дека се пишува за него но, дека се тоа измислени приказни на Героски. А, ако бизнисменот навистина го снимал нивниот состанок, тоа е кривично дело, се закани Боки.

 

Работата станува водвиљ. Бурлеска. Заев тврди дека за овој случај обвинителството веќе води постапка, а обвинителството вели дека постапка – нема. И, ај сега верувај ти на она што го зборува Заев. Мислам дека ни тој самиот себеси не си верува.

 

Се мува и краде во секоја прилика. Откако растури се во и онака слабото здравство со тендери и приватизации, министерот Венко Филипче реши да воведе револуција - промена на пол која ќе се плаќа од државни пари. Секоја таква операција кошта 15.000 евра па нагоре! Тоа е цена за најдобри лекови за рак во странство за еден човек, или 20 пренатални тестови за бремени жени со кои на време се дијагностицираат генетски проблеми и болести кај идното бебе.

 

Ова додворување на геј, или хомосексуалната заедница овојпат ја премина границата. Уште не боли ланската исплата на еден милион (1.000.000) евра за лубриканти, или подмачкувачи за безболен секс на хомосексуланта, или геј заедница а сега го добивме и ова. А јавноста, добро подмачкана со лубрикантите, требаше мазно да си го прими и ова, како и секогаш. Кој бесплатно ти сменил име на држава и нација, сосема логично е дека бесплатно ќе ти го смени и полот. Најавија и лекар од странство кој ќе ги врши операциите за промена на пол, а во 15.000 евра по човек има пари за сите, што добро го знае и Филипче. Ако помине, следат бесплатни силикони, продолжување пениси, оросување на женските полни органи... Берба.

 

На снаодлив Македонец не му треба многу. Некои се радувале затоа што ако го сменат полот во женски ќе одат три години порано во пензија. Но, збеснаа Македонците на Фејсбук и Твитер па истата вечер одлуката беше повлечена.

 

Како утеха за геј, или хомосексуалната заедница, пар дена потоа со државна и партиска поддршка се случи геј парадата. На чело на парадата беше министерката Мила Цароска. - Ми се наполни душата со ова, изјави потоа минстерката Мила. Сега, откако и се наполни буџетот со ланец тендери кои ги доби нејзиниот партнер, и откако на имотниот лист пријави дека е побогата за 1,3 милиони евра откако станала министерка, сега Мила е комплетна. Полна душа, полна сметка, а она онака лепушкаста и мала... Блеска.

 

Ако е тоа добро за да се добие датумот за преговори, и пол ќе смениме. Бесплатно. Совршенството за ЕУ би изгледало вака: на крајот сите ќе бидеме вегетаријанци со сменет пол и геј актитвисти, ќе збориме албански со членска карта на СДСМ, повремено ангажирани во некоја невладина и од тие пари ќе шмркаме или дуваме трева, зависно од понудата на пазарот и бизнис интересот на шефовите од СДСМ.

 

Кога сме кај преговорите, тоа е занает стар со векови. Еве решение за преговарачите, напишано во оригинал, кое во 1815 година го применил српскиот кнез Милош за автономија на Србија од Османлиите:

 

Дипломатска упутства Милоша Обреновића, дата Петру Ичку пред одлазак у Цариград:


,,Пази добро Петре, кад будеш тамо пред султаном, да се курчиш бре, да виде Турци да Србија није мачји кашаљ. Не могу они да раде како они хоће.

Али Петре, добро води рачуна. Ако на твоје курчење почне и султан да се курчи, е… ти Петре одма' да одкурчиш, јер је Србија ипак мала земља.

И да знаш - султан је слаб на паре и на мушко дупе, а ми паре немамо."

 

(01.07.2019)

8,162

Најчитани вести