Американската компанија „Сепјс екс“ денеска ја лансираше својата најголема ракета „Фалкон Хеви“, која во вселената однесе 24 истражувачки сателити, но и капсула со пепелта на 150 починати луѓе.

Агенцијата АП пренесе дека ова е третиот лет на најмоќната ракета на денешницата, но прв во рамки на мисија на американското Министерството за одбрана.

Се тврди дека еден од сателитите кои „Фалкон Хеви“ ги носи во вселената е опремен со атомскиот часовник на НАСА наречен „Дип спејс“ кој би требало да го промени начинот на навигација низ вселената.

Американската агенција објави дека на ракетата е сместена и метална капсула со пепелта на 150 починати лица чии семејства сакаат нивните посмртни останки да почиваат во вселената.

Според основачот и извршен директор на „Спејс екс“, Илон Маск, ова било нивното најтешко лансирање на ракета досега.

Тој објасни дека сателитите морало да бидат поставени во три различни орбити и дека биле потребни неколку часа за сите да бидат ослободени.

Ракетата „Фалкон Хеви“ за првпат беше лансирана во февруари 2018 година.

извор: Makfax

123

Најчитани вести