Специјалните саудиски сили го заробија лидерот на јеменскиот огранок од екстремистичката организација Исламска држава, Абу Осаму ал-Мухаџер, соопшти денеска воената коалиција под водство на Саудиска Арабија во Јемен.

Осама ал-Мухаџер и уште некои членови на организацијата биле заробени на 3 јуни во рација на саудиските и јеменските сили во една куќа, се наведува во соопштението на коалицијата кое го пренесе саудиската државна новинска агенција СПА.

Оружје, муниција и телекомуникациски уреди биле исто така запленети за време на 10-минутната операција, се додава во соопштението.

Операцијата претставува силен удар за Исламската држава, особено во Јемен, констатира „Ројтерс“.

 

извор: Makfax

24

Најчитани вести