Владата на денешната 141 седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за експлоатација на руда од страна на ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“ во Босилово.

Како што информираат од владнината прес-служба, министерството е овластено доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

„Владата го задолжи Министерството за економија, доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за експлоатација на бакар и злато, еднострано да го раскине договорот за концесија со ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје“, се наведува во извештајот од владината седница.

извор: Makfax

157

Најчитани вести