Светот е на пат кон климатски апартхејд, во кој богатите ќе купуваат излез од најлошите ефекти од климатските промени, додека сиромашните ќе страдаат од најтешките последици, се наведува во извештај објавен од ОН.

Во извештајот од страна на Советот за човекови права на ОН, издаден од специјалниот известувач на екстремна сиромаштија, Филип Алстон, се заклучува дека бизнисот треба да одигра клучна улога во борбата против климатските промени, но и дека не може да се очекува оти деловниот свет ќе се грижи за сиромашните.

„Преголемо потпирање на приватниот сектор може да доведе до сценарио на климатски апартхејд во кој богатите ќе плаќаат за да избегнат прекумерна топлина, глад и конфликти, додека останатиот дел од светот ќе биде препуштен на страдање“, пишува Алстон.

Тој како пример ги наведува ранливите њујорчаните кои останале без електрична енергија и здравствена заштита во 2012 година при удрот на ураганот Сенди, додека седиштето на компанијата „Голдман Сакс“ било заштитено со десетици илјади вреќи со песок и имало струја обезбедена од сопствени генератори.

Недвосмислено потпирање врз приватниот сектор со цел заштитита од екстремните временски неприлики и зголемувањето на нивото на светските мориња речиси гарантира масовно кршење на човековите права, каде што богатите би биле наводно загрижени, а најсиромашните ќе бидат заборавени, пишува специјалниот известувач на ОН.

извор: Makfax

106

Најчитани вести