Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска се закани дека ќе го нападне Иран во знак на одмазда за какви било напади од Техеран на сè што е американско.

Претходно иранските власти соопштија дека новите американски санкции исклучуваат секаква можност за дипломатија и ги карактеризираа активностите на Белата куќа како „ментално ретардирани“.

„Пораката од Иран, многу неука и навредлива, која беше објавена денес, само покажува дека тие не ја разбираат реалноста. На секој напад од Иран врз што било што е американско ќе биде возвратено со голема и супериорна моќ. Во некои области, супериорната моќ значи уништување“, напиша Трамп на својот твитер-профил.

Техеран вчера порача дека воведувањето на нови санкции против иранските официјални претставници значи дефинитивно затворање на дипломатскиот пат меѓу Иран и САД.

Ова го изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

извор: Makfax

68

Најчитани вести