Во 2001 – та година, на стадионот во Ѓорче Петров, силите ги одмерија великаните на македонскиот и шведскиот фудбал. Скоро и никој да не се сеќава на квалификацискиот натпревар помеѓу фудбалската репрезентација на Република Македонија и репрезантацијата на Шведска за пласман на европското првенство за млади до 21 година. И немаше да биде ништо спектакуларно, доколку не ги погледнеме составите на двете репрезантации.

Боите на македонската репрезентација на овој квалификациски натпревар ги бранеа Горан Пандев, Ацо Стојков, Величе Шумуликоски, Роберт Попов, Александар Васоски додека од другата страна за противници ги имаа Златан Ибрахимовиќ, Андреа Исаксон, Мартин Ериксон и Ким Калстром, играчи кои оставија белег во европскиот клупски фудбал а особено нашиот Горан Пандев и фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ.

1,788

Најчитани вести