фото Влатко Рафески

Времето денеска претпладне е сончево со умерена облачност, додека попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи.

УХМР за попладне во Скопје најавува и невреме проследено со дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на град.

За утре УХМР исто така најавува слично време како денеска, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Во следните денови според УХМР ќе следува период на стабилно и сончево време, до петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.

276

Најчитани вести