Македонскиот репрезентативец Димитар Димитриоски е нов член на Вардар. Левото крило потпиша двегодишен договор со „црвено-црните” и ќе му биде замена на Тимур Дибиров во новата сезона.

Со доаѓањето на 21-годишниот Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во добрана на европската титула.

-Вардар секогаш сакал во своите редови да има млади, перспективни и не афирмирани ракометари. Тимот им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет. Димитриоски не е само талентиран туку и квалитетен играч. Младоста е негова предност, и очекуваме истата посветеност со која и досега играше да биде негова препознатливост. Вардар ќе му даде шанса, и очекуваме дека истата ќе ја искористи. Пред клубот се нови предизвици и со новите сили заеднички да продолжиме со добрите настапи, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Димитровски пет години настапуваше за екипата на Металург. Последната сезона го освои Купот на Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Беше на списокот на репрезентативци за настап на СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација. 

4

Најчитани вести