Не можеме да ги предвидиме пораките на народот и да се оглушиме на нив, истакна денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоан во обраќањето на седницата на својата партиска група во Парламентот, прва по објавувањето на резултатите од повторените избори за градоначалник на Истанбул, на кои победи кандидатот на главната опозициска партија, Екрем Имамолу.

Ердоан подвлече дека во сфаќањето на политиката на неговата партија во никој случај нема лутење или обвинување на народот, туку токму спротивно, преиспитување на причините зошто таа не успеала доволно да се изрази на изборите од 31 март и 23 јуни.

„Во секоја борба која ја водиме 17 години, секогаш имавме поддршка од нашиот народ и секогаш силата за понатамошна борба ја добивавме од него. Продолжуваме да се спротивставуваме на непријателската политика во светот која се води против исламот, муслиманите и Турците“, нагласи Ердоан.

Турскиот претседател подвлече дека пред нив стојат целите до 2023 година, изразувајќи надеж дека тие ќе бидат постигнати и дека во наредниот период на дневниот ред се прашањата од економијата и безбедноста.

На новинарско прашање во врска со можна ревизија на Владата, Ердоган одговори: „Ако е потребно такво нешто, тоа ќе го направиме ние. Измени во Владата не се прават со наметнувања однадвор“.

А.А. Кочан

извор: Makfax

5

Најчитани вести