Во интервјуто за германскиот весник Шпигел, дадено непосредно пред дводневната посета на Германија, претседателот Стево Пендаровски зборува за Преспанскиот договор кој вели, барал огромна храброст и визија. Пендаровски во интервјито додава: „Верувам дека тоа го имаат сфатено и во Германија. Затоа Северна Македонија нема план Б. Нашиот план Б е почеток на преговорите до крајот на годината.“

Пендаровски во интервјуто зборувајќи за одложеното гласање во Бундестагот зборува оптимистички во поглед на добивање термин за почеток на преговорите за влез во ЕУ.

„Веруваме дека не постојат подлабоки забелешки против почеток на пристапните преговори, туку само технички одложувања. Германија е наш најважен партнер, таа беше еден од актерите на Преспанскиот договор и во Берлин многу добро ја познаваат политичката ситуација во нашата земја“, вели Пендаровски.

975

Најчитани вести