Јапонецот Таканова Нишимото (50) го започнал овој необичен бизнис во 2012 година во неговото родно Токио каде што го води онлајн сервисот „Ossan Rental“.

Преку овој сервис за само 1.000 јапонски јени или околу 9 долари, можете еден час на некого да му се жалите, доверите, лелекате, да разговарате за вашите проблеми и тешкотии. А исто така можете и да се советувате.

Целта на Нишимото првично беше да ги слуша луѓето од средна возраст во Јапонија, кои честопати ги исмеваат поради пивските стомаци, губењето на косата и нехигиенските навики. Како што вели, неговата намера била да ги разбие сите негативни стереотипи. Сепак, неговиот сервис денес го користат сите генерации и изгледа дека сите имаат на нешто да се пожалат.

„Мислев дека најмногу ќе ми се јавуваат мажи, но сепак тоа се жени на возраст од дваесет до педесет години”, рече тој.

извор: Makfax

1

Најчитани вести