Македонија втора година со ред не добива датум за почеток на преговори за членство во ЕУ затоа што владата на Заев не спроведува реформи, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој присуствува на парламентарното Собрание на Советот на Европа во Стразбур.

Тој рече дека посетата ја искористил и за бројни билатерални средби.

„За жал заеднички е впечатокот дека Македонија втора година со ред не добива датум за почеток на преговори за членство во ЕУ затоа што владата на Заев не спроведува реформи. Не спроведува реформи во борбата против корупцијата, не ја подобрува економијата и не воспоставува функционален систем на владеење на правото. Односно економијата тоне, корупцијата цвета и нема воспоставен систем на владеење на правото“, рече Николоски.

Тој истакна дека неговите соговорници биле изненадени од, како што рече, деспотскиот однос на Заев кој што реши покрај премиер да биде и министер за финансии. Сепак, како што рече Николовски, неподелен е впечатокот помеѓу сите оние со кои што разговарал, дека најголемата стратешка грешка владата на Заев ја направила, договарајќи се со Еди Рама, Македонија и Албанија да влезат во иста група, затоа што Албанија ја влече Македонија назад.

„Со сиот неред кој што се случува во Албанија и нефункционалноста на институциите таму сериозно ја влече Македонија назад и ги уништува европските перспективи на македонските граѓани. Групата со Албанија е најголемото зло и најголемиот проблем што може да се случи на европската интеграција на Македонија и затоа силно апелирав и замолив до сите оние кои што се сретнав да разговараат со своите министри за надворешни работи, да разговараат со своите премиери и да побараат одвојување на Македонија и Албанија, со цел Македонија да чекори напред. Тоа едниот пат кој што треба да го изоди Македонија, а вториот секако се внатрешните реформи“, рече Николоски.

 

извор: Makfax

123

Најчитани вести