Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзори во сите здравствени установи каде била лекувана родилката од Охрид која минатата недела почина на скопските клиники.

Од ДСЗИ по контролата велат дека не констатирале недостаоци, но со цел проверка во однос на стручната работа на здравствените установи и здравствените работници кои учествувале во породувањето на пациентката како и нејзиниот постоперативен третман, Државниот санитарен и здравствен инспекторат до министерот за здравство иницира спроведување на стучен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во породувањето и натамошниот третман на пациентката.

„Пациентката М.Т. на ден 11 јуни во 04.15 мин. примена е на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница Охрид, со прснат воденик во 38 гестациска недела. По направените испитувања по протокол, поставена е индикација за оперативно завршување на раѓањето. Оперативниот тек бил уреден, без компликации, родено е живо женско бебе, со родилна тежина и должина 2130гр/46см со добри витални параметри. Раниот постоперативен период на пациенката уреден, се до утрото 16.06.2019год., 5-ти постоперативен ден кога од страна на дежурниот забележан е оскуден серозен исцедок од раната, заради што е извршена тоалета на раната. Во текот на денот направени и се лабораториски испитувања и дијагностички процедури. Наредниот ден заради влошена здравствена состојба и врз основа на конзилијарно мислење, пациентката со медицинска екипа и возило од ЈЗУ Општа болница Охрид се транспортира на клиники во Скопје.

Во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство пацинтката М.Т. донесена e на ден 17 јуни во 14:00 часот, прегледана, земена е нова лабораторија и со сите претходни анализи пратена е на конзилијарен преглед од абдоминален хирург. Во 18:30ч. пациентката е вратена на ГАК, направен запис за прием на оделот за анестезија и реанимација. По спроведени повеќе дијагностилки и лабораториски испитувања, заради локален наод на оперативно поле на клиникта направена ревизија и обработка на флегмонозната рана, дадена е јака антибиотска терапија, аналгетици, антикоагуланси, антиеметици и гастропротективна терпија.

И покрај преземените дијагностички и терапевтски мерки, состојбата на пациентката се влошувала така што на ден 20 јуни во 14 часот е примена на понатамошен третман и евалуација на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ –ОЕ АРИЛ под дг.О90.0 – дисрупција на рана од царски рез. На прием пациентката е со немерлива тензија, ниска сатурација, во крајно тешка општа состојба. Веднаш е поставена на механичка вентилација и пристапено кон поставување на централен венски катетер. За кратко време настанува брадикардија, асистолоја по што е пристапено кон реанимација по сите протоколи, но пациентката не реагира на реанимацијата и настапува смрт во 15.30 часот“, велат од ДСЗИ.

извор: Makfax

70

Најчитани вести