Претседателот на жирито на шоуто „Ѕвезди - летен хит“ Тончи Хуљиќ, после дуетот на Лина Пејовска и Нина Бадриќ признал дека со ова талентирано 16-годишно девојче не треба ништо повеќе да се работи. 

„Тебе не треба ништо да те учи некој, тебе ти треба само песна“, и порачал Хуљиќ и додал дека после шоуто ќе свика состанок на домашните композитори за да им сугерира соработка со некои од натпреварувачите во шоуто. 

„Ќе им предолжам сорабока со некои од вас кои сте овде вечерва и кои бевте со нас низ целото натпреварување затоа што не значи дека ако не сте дошле во топ 5 дека не сте потенцијал“, рекол Тончи, а на Лина уште и рекол: „Сигурен сум дека ќе го најдеш својот простор и под ова хрватско небо.“

Видеото од разговорот погледнете го ОВДЕ.

 

333

Најчитани вести