Во село Љуботен од утрово се спроведува голема полициска акција. Целото село е блокирано, а многу куќи од 5 часот наутро се претресени.

Како што информираат граѓаните за „Независен весник“ акцијата се спроведува заради тутунот што го обработуваат.

Тие велат дека тоа им е единствена егзистенција и со пот се обидуваат да ги нахранат нивните деца.

Од друга страна, сметаат дека државата не е заинтересирана за нив во ниту еден аспект да им помогне, ни при вработување, ниту во инфраструктурниот дел, па се жалаат дека патот е катастрофален,нема вода за пиење,а имаат и други проблеми.

Во куќата на Сулејман Зендели полицијата влегла по грешка. Како што вели Зендели во 5.30 часот, со нога ја отвориле вратата и веднаш му ставиле лисици на неговиот син Раметула Зендели, па го ослободиле откако сфатиле дека по грешка влегле во неговиот дом.

„Независен весник“ беше на местото на настанот, па ја праша полицијата како е можно да се однесуваат на тој начин и да ги вознемируваат луѓето имајќи предвид дека во куќата има и жени и деца.

Тие истакнаа дека Раметула кога ги видел сакал да избега пак да се врати во куќата и затоа му ставиле лисици. Но, Раметула вели дека сакал да се врати во куќата за да ги смири сопругата и децата, за да не се плашат, а полицијата немала разбирање и го легнале на земја.

Сулејман Зендели заедно со својот син велат дека ќе бараат обештетување за вознемирување од страна на полицијата која се правда дека според катастраот се во точната парцела, но дека луѓето што живеат тука не се тие што ги бараат. И покрај тоа, тие сѐ уште се во куќата на Зендели и вршат претрес, иако на почеток тие сфатија дека се на погрешно место и отидоа, па повторно се вратија, извршувајќи претрес и во други три куќи во близина на домот на Зендели.

Зендели вели дека иако не бил во списокот за претрес, а полицијата го искористила метежот, па бесправно влегува да претресува.

Во моментот, трае поклициската акација и во многу други куќи.

10

Најчитани вести