Српскиот кошаркар Иван Пауниќ (32) и поранешната мис на Србија, Милица Јелиќ (29) овој викенд се венчаа во храмот „Свети Сава“ во Белград, а прославата продолжи во белградската сала за венчавки каде што беа поканети 400 гости.

Двојката се венча пред две години пред матичар во присуство на кумовите, а сега дадоа завет на вечна љубов и пред Бога. Но, младенците не успеаја да го прослават големиот ден онака како што замислуваа.

Свадбата беше прекината откако дел од хотелот беше поплавен поради невремето што ја погоди Србија. Продирањето на водата создаде краток спој при што се активира противпожарниот аларм, пишуваат српските медиуми.

Гостите мораше да бидат евакуирани од безбедносни причини, а на местото на настанот пристигнале и пожарникарите.

Ова е трет обид на двојката да склопи црковен брак. Тие два пати ја одложи церемонијата во црквата поради непредвидени животни околности.

извор: Makfax

32

Најчитани вести