Вчера во Скопје полицијата презела мерки и активности и констатирано е дека 52 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од МВР јавија дека од сообраќај се исклучени 34 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувалe возило под дејство на алкохол, 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи-почетници и пет возачи поради сторени останати прекршоци. Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

извор: Makfax

76

Најчитани вести