Актерката Пенелопи Круз (45), во интервју за списанието „Татлер“, отворено кажа што мисли за темите кои требаше да бидат општоприфатени во општеството, но сè уште се еден вид табу. Круз го сврте вниманието кон дискусиите за женските тела, дебелината, хормоните и менопаузата.

„Мислам дека ова укажува на недостаток на почит кон жените. Зборови како менструација, постпородилна депресија, менопауза … Дури и денес, кога ги спомнувате овие зборови на маса, сите стануваат нервозни. Без разлика дали станува збор за група жени или мажи. Енергијата на маса е сосема поинаква. Предменопаузата се јавува во животот на жените од 40 до 50 години, и никој не зборува за тоа. Тоа навистина ме лути“, објасни Круз.

Сепак, актерката е задоволна што денес ситуацијата е многу подобра кога станува збор за рамноправноста во плаќањето на мажите и жените.

извор: Makfax

181

Најчитани вести