Мексико испрати 15.000 полицајци и војници на границата со САД на основа на билатералниот договор за спречување на илегалната миграција.

„Распоредивме вкупно 15.000 лица од војската и Националната гарда на северот од земјата“, изјави мексиканскиот министер за одбрана, Луис Крезенсио Сандовал на прес-конференција.

Тој рече дека 6.500 лица се испратени на границата со Гватемала, за да се спречи бранот на неколкуте илјади мигранти од централна Америка. Претседателот на САД, Доналд Трамп кон крајот на мај се закани со царини на увоз на сите производи од Мексико, ако земјата не го спречи мигрантскиот бран.

извор: Makfax

1

Најчитани вести