Со повратот на 15 отсто од ДДВ, државата за првпат враќа пари директно кај граѓаните, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

Со мерката „Мој ДДВ“, нагласува СДСМ,  за прв пат државата им враќа пари на граѓаните, односно за секој денар платен ДДВ, на крајот на годината на граѓанинот му се враќа 15 отсто директно на неговата сметка.

На крајот од секоја година кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра, велат од владејачката партија.

„Сите досегашни мерки вклучително и повратот на ДДВ од 15 отсто имаат една заедничка цел, подобар животен стандард, подобар живот на граѓаните, раст и развој“, додава СДСМ во соопштението.

извор: Makfax

73

Најчитани вести