Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, најверојатно ќе се состанат на маргините на самитот Г20 во Осака во Јапонија, изјави заменик-рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Рјабков.

„Верувам дека тој состанок најверојатно ќе биде одржан“, изјави тој за агенцијата „ТАСС“.

Путин и Трамп требаше да се сретнат на маргините на претходниот самит Г20 во Аргентина во декември, но претседателот на САД го откажа состанокот ден пред договорениот датум.

извор: Makfax

45

Најчитани вести