Сопругата на Коби Брајант, Ванеса, ја роди ќерката Капри, поради што гордите родители веднаш се пофалија на социјалните мрежи.

„Нашето девојче е тука”, напиша Ванеса  покрај фотографијата со името на нејзината ќерка напишано на ќебето на бебето.

„Капри Коби Брајант. Многу сме благодарни за нашиот последен благослов“, напиша Коби на кого му честитаа многу познати личности, меѓу кои и Пау Гасол и Двејн Вејд.

Името што го избра познатата двојка за нивната ќерка има посебно значење за нив. Името на новороденчето му дава почест на познатиот кошаркар на единствен начин, бидејќи во средината на името ќе биде точно името на Коби, а двојката планира нагалено да ја вика „Коко”.

извор: Makfax

280

Најчитани вести