Незапаметен дожд следен со силни удари на гомови не престануваат да ги погодуваат европските градови, а Британски медиуми предупредуваат на уште еден бран од дождови кои веќе предизвикале проблеми.

Снимки од поплавени улици и порои кои носат автомобили забележани се во повеќе британски градови, но се мисли декас најлошо поминал Единбург. Кога во еден момент се помислило дека драмата се смирува и дека водата се повлекува, пристигнале нови загрижувачки временски прогнози.

За кусо време, следело невидена количина дожд, која паѓал, поплавувајќи улици во кој возачите не стигнале да реагираат. Не успеале да излезат од своите автомобили, кои почнале брзо да се полнат со вода, па биле приморани да се качуваат на кровот на автомобилите, и таму на дожд да чекаат помош.

Локалните власти предупредуваат дека овие драматични сцени не се се што тропската бура “Сахарски балон“ би донела.

Се предвидува, ќе има уште удари со силни плускови пропратени со молни и слини грмотевици, со што е издадено предупредувања од поплави. 

Жител од Единбург, во кој дождот не е реткост, вели дека не памети дека волкава количина вода на улиците, му се чинело како да гледа во море. Дури помислил дека пропуштил некаков цунами.

Супер бурата “сахарски балон“ ќе се шири и во останатиот дел на европскиот континент, а катаклизични сцени денес се забележани во Унгарија, и во Полска, каде што за еден ден паднало дожд колку што би паднал за еден месец... 

Најчитани вести