Со обзир на тоа со години наназад работи под полна пареа и заработува, Рада Манојловиќ решила да даде капар за стан во изградба и за тоа одвоила дури 50.000 евра.

Сепак кога дознала што и се сличило на нејзина колешка Милица Тодоровиќ која останала без 60.000 евра и стан, фолкерката ангажирала адвокат. 

Имено, Рада наводно веќе одбрала стан и се договорила со инвеститорот да му исплати половина сума пред вселување, а втората половина после тоа, но кога нејзините адвокати ги провериле дозволите за градба, ја предупредиле воопшто да не дава пари за капар.

Се испоставило дека во прашање е објект кој не е легализиран и евидентиран, со што Манојловиќ го повикала инвеститорот и му објаснила дека нашла подобра понуда од неговата, со што не е заинтересирана за купување.

Инвеститорот после тоа побеснел, со што почнал да ја прогонува пеачката под изговор дека наводно го чувал тој стан за неа, и дека поради неа одбивал многу купувачи.

Вознемирувањето престранало откога нејзиниот адвокат му испратил писмено предупредување на инвеститорот во кое го предупредил дека ќе го пријави на градежна инспекција доколку не ја остави на мир, агонија на Рада во тој момент завршила.

10

Најчитани вести