Невремето кое попладнево ја погоди Македонија предизвика серизони штети врз земјоделските посеви.

Овие фотографии кои ни ги испратија жителите, се од прилепското село Канатларци, каде град со големина на орев ги уништи сите посеви на тутун и пиперки. Уништени се посевите на многу земјоделци. Само на оваа површина, според првичната проценка на земјоделците кои не контактираа, штетата се брои во милиони денари. Но, ништо подбро не поминале ниту другите.

Жителите на Канатларци велат дека годинашниот труд и посевите - целосно се уништени од невремето.

2

Најчитани вести