Мустафа Ахмети, таткото на Шеќерим Ахмети, попознат деновиве како Ел Чека, во разговор за ТВ 21 вели дека аудио снимките кои се главно насочени против функционери на ДУИ, неговиот син не ги добил од новиот директор на Агенцијата за разузнавање. Сепак, Мустафа Ахмети за телевизијата изјави дека Еролд Муслиу е некако поврзан со настаните во кумановско Диво Насеље и дека овој настан бил креиран од тајните служби.

Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, веќе неколку недели преку социјалните медиуми објавува прислушувани разговори на Али Ахмети и неговите соработници, државни функционери. Мустафа вели дека и тој и син му немаат нешто лично против претседателот на ДУИ.

„Немаме ништо лично со никого. Овие проблеми  се однесуваат на сите Албанци. Нашата цел е да ги откриеме сите подземни работи со кои се занимавале овие луѓе кои денес се инсталирани во системот“, вели Мустафа Ахмети. Тој за ТВ21 објаснува дека прислушуваните разговори кои ги објавува неговиот син се истите кои ги објавуваше и Зоран Заев во 2015 година.

Таткото на Ел Чека за ТВ21 раскажува дека вчера стигнал од Албанија во Македонија, за да го води протестот кој го повика неговиот син од Америка, за да докаже дека нема ништо лично меѓу Ел Чека и претседателот на ДУИ.

Доколку беше нешто лично, јас ќе го решев проблемот! Не е лично.

- Велите дека не е лично меѓу Шеќерим и Али Амети?

Не, не! Нема ништо лично. Немаме ништо лично со никого, брате. Овие проблеми  се однесуваат на сите Албанци“ – вели за ТВ21 таткото на Ел Чека.

Мустафа Ахмети ги демантира шпекулациите дека неговото семејство ги добило снимките од директорот на разузнавачка служба Еролд Муслиу, кој е нивен соселанец од село Туин, Кичево.

Вистината на Шеќерим . . . Вистината на Шеќерим, нашата цел е да ги откриеме сите подземни служби кои делувале со овие луѓе кои денес се инсталирани во системот!“. – раскажува Мустафа.

Тој вели дека со неговиот син разговара, но поретко откако почнал со објавувањето на прислушуваните телефонски разговори каде главни ликови се Али Ахмети и Муса Џафери.

Како што објаснува таткото на Ел Чека, вели дека немале додатни проблеми од објавувањето на разговорите, а имаат притисок од политиката!

Мустафа Ахмети за ТВ21 вели дека прислушуваните разговори кои ги објавува неговиот син, се истите кои ги објавуваше Зоран Заев во 2015 година, и кои ги достави на Катица Јанева.

Но, настојува дека „бомбите“ неговиот син не ги земал до Директорот на разузнавачка службам Еролд Муслиу, кој е нивен соселанец од село Тухин, Кичево.

1,429

Најчитани вести