Вест на денот секако е настапот и изјавата на францускиот амбасадор Тимоние кој јавно и укажа на владата и на јавноста дека се опседнати со датумот за преговори со ЕУ а не гледаат дека земјата се соочува со политичко самоволие и корупција. Познат е ставот и на француската држава дека Македонија се уште не заслужува датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Оваа изјава е поразителна за пропагандата на владата која јавноста ја убедува во спротивното.

Пропагандата на СДСМ се темели на лажни ветувања и криење на вистинските проблеми со нивно игнорирање од страна на нивната пропагандна машина - а на чело на таа пропагандна машина е њуз агрегаторот Time.mk.

Имено, и денес, Time.mk покажа како функционира гебелштината во Македонија. Додека речиси сите слободни медиуми и портали како централен наслов и вест ги цитираа зборовите на критика на Тимоние до владата, Time.mk повторно изврши селекција и објави само “подобни“ провладини наслови во кои изјавата на Тимоние воопшто и ја нема - ја сокри од јавноста. Па, ако барате вести преку Time.mk вие повторно ќе бевте во заблуда, неинформирани и излажани за тоа што дента во Македонија се случува. Ќе ви се ограничеше сознанието на рамките од провладината пропаганда.

Еве го изборот на Time.mk за настапот на амбасадорот Тимоние. Излог на агитпроп како во Северна Кореа или од времето на Сталин. Ни збор од изјавата на амбасадорот за корупција во власта. За Time.mk тоа не се ни случило.

Како функционира Time.mk за потреби на партискиот агитпроп можете да погледнете со клик на текстот подоле:

6,167

Најчитани вести