Времето утре пртепладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град, соопшти управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а максималната од 27 до 34 степени.

До среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Потоа во наредните денови ќе биде претежно сончево, од петок со умерен до засилен северен ветер.

извор: Makfax

216

Најчитани вести