Читам по интернетов на некој не му е по ќеиф шо ќе се слави ради добивањето покана за у НАТО. Демек кај се славело ради тоа - ради обична покана. Пих, сфашта. Би ги разбрал сите овие шо се чудат ако се од помладата генерација, али ако се од постарата не би можел да ги разберам.

Зар заборавивме дека у времетo ко ќе добиевме позив зa у вoјскa се утепуевме oд слaвење и прaење бaнкети. Тоа беше општи хаос. А стигне позивот одма се земаше пенкалото и се праеше математика. Колку души ќе доаѓаат, па колку гајби пиво ќе треба, колку сокови, жестоко? Кај ќе слават младите, каде старите? Дали дома, дали у кафич? Самопослугите у време на банкети турбо работеа. Славија и Центро не можеа да постигнат. Не се штедеше на банкети.



У времето ко ќе идеш у војска тоа значеше дека стануеш муж. Поголем резил ако не отидеш у војска немаше. Имаше случаеви кога родители сами идеа у подрачна единица на народна одбрана да проверат зашто позивот за нивниот син уште не е стигнат, а кај неговите вршњаци стигнал. Па кога таму ќе им кажат дека имало некој технички проблем и кај и да е позивот ќе стигне, им паѓаше камен од срце. Уф синко, ќе воздивнеа, помисливме дека ти фали некоја даска па не те викаат у војска. Башка не можеше да се ожениш, девојка ако беше у врска со некој шо не бил у војска родителите ја советуваа - ќерко, батали го овој, нешто му фали, не бил у војска. Најди си ти некој со отслужен воен рок, шо е сигурно - сигурно е.

Него шо сакав да кажам? Аха, а позив за у војска и покана за у НАТО ти е едно те исто, па и НАТО е војска. А ко ќе добиеш позив за у војска весеље мора да има, тo ни е у крв, па еднаш се иде у војска пичкалимуматер. Само нека гледaат дoбaр бaнкет дa нaпрaат, сo гoдини дa се прерaскaжуе. Ебемлига можда зато Европа не не сака, прво војска па после брак со ЕУ.
Е ко ќе се сетам само како беше у времето... па ко ќе се викнеше песна, - Ој машино пусти пару јаче..., или Мој Милане јабуко са гране..., Растајемо се ми... и слични. Него ќе се пеат ли сега на банкетов за у НАТО овие песни? Не, а. Штета.

ПС. Кога сме више кај служењето војска у ЈНА. Ако некој случајно сака да пронајде некој класич од војска може да се прикључи на групата Pronađi drugove iz bivse JNA

https://skopski.blogspot.com/2018/07/oa.html

1

Најчитани вести